Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ по петти пат го освои Мастерсот во Париз. Во денешното финале српскиот ас го совлада шампионот од турнирот во Стокхолм, Канаѓанецот Денис Шаповалов со 6:3 и 6:4. Тоа е 34. трофеј од категоријата 1000 за Ѓоковиќ и петти оваа година, а исто така негова 77. АТП титула во кариерата.

Инаку Ѓоковиќ и Шаповалот по четврти пат се соочија еден против друг и српскиот тенисер четврти пат е подобар после дуелите во Мелбурн, Рим и Шангај – сите оваа сезона.

Сепак, Ѓоковиќ без оглед на триумфот ќе ја изгуби „круната“ во понеделник и ќе падне на второто место на АТП листата, но со овој триумф си ги зголемува шансите да се врати на чело на Завршниот мастерс во Лондон.