Центарот на Портланд, Пау Гасол ги критикуваше модерните трендови во кошарката. Според познатиот Шпанец, во последните години спортот загуби на убавината.

„Играта се промени. Гледам големи промени. Гледаме многу брзи шутеви, кратко поседување и само неколку додавања во напад. Кога бев помлад, за некои шутеви кои што се практикуваат сега, ќе бевте ставени на клупа и ќе добиевте казна. Сега, младите се охрабруваат да шутираат во првите осум секунди од нападот. Играта загуби убавина, чистота, движење на топката“, вели Гасол.