Денеска од 13:30 часот ќе се одиграат четири натпревари од 13.коло во ПМФЛ. Секако дека во центарот на вниманието е дуелот на Арената “Тодор Проески“, на кој лидерот Вардар ја дочекува Ренова, екипа која по блескавиот старт на есенскиот дел од сезоната, почна да игра променливо во стилот „топло – студено“. Вардар, по вчерашното реми во Струмица на А. Пандев против Работнички, и со пораз ќе остане лидер, но Вардар сака победа над Ренова и продолжување на одличната серија во првенството која трае веќе 12 кола.

Секако дека Вардар сака и продолжување на традицијата кога станува збор за мечевите со Ренова. А таа вели дека „гипсарите“ сонуваат дури девет години да го победат Вардар како гости. Тука ги сметаме официјалните мечеви во Купот и првенството. Имено последен пат Ренова, како гостин кај Вардар, славела на 14.08.2010 година и тоа со 2:0. Одтогаш па наваму се одиграле 20 натпревари на кои Вардар бил домаќин, и она тие „црвено – црните“ победиле на 13 а без победник завршиле седум пати. Инаку вкупно, ако ги сметаме мечевите и во Тетово на кои Ренова била домаќин, „гипсарите“ се радувале на победа над Вардар пред пет години, кога во Купот беше 2:0 за Ренова.

Вкупно билансот е 24 победи на Вардар, 20 ремија, само 11 победи на Ренова со гол разлика 68:48.

Ако се суди според сите овие бројки и биланси, тогаш Вардар денеска сигурно ја победува Ренова.