Работнички и натаму е единствената екипа без пораз во Првата лига. Најтрофејниот кошаркарски колектив на домашен терен го совлада Пелистер со 81-70 (21-23, 18-13, 23-12, 23-18) во последниот меч од четвртото коло.

Двејн со 27 поени го предводеше домашниот состав, зад него беше Мијатовиќ со 17 поени. На другата страна Казарновски имаше 19 поени, два помалку запиша Цветковски.

Битолчани се покажаа како незгоден противник, во првото полувреме добро им парираа на момците од „Градски парк“, по првата четвртина имаа водство од 21-23. Работнички ја подобри играта во одбраната, на одморот беше 39-36.

Третата четвртина им донесе нови два бода на „црвено-белите“ ја добија со своцифрени 23-12 и до крај рутински го приведоа мечот.