Српскиот тренер Синиша Михајловиќ не беше во можност да ја води својата Болоња на мечот против Интер во Серија А (1-2).

Сепак противничките навивачи се погрижија тој да не биде изоставен и испратија силна порака до Михајловиќ, кој од 2004 до 2006 година го носеше дресот на Интер. Во овој клуб тој и ја заврши својата играчка кариера, а потоа две години беше и асистент на клупата на „неуроаѕурите“.

Во еден момент од натпреварот тие кренаа транспарент напишан на српски јазик „Напред Синиша, ти си голем борец, не се предавај“.

Михајловиќ во моментов е во болница во Болоња каде ја прима третата доза од хемотерапијата во неговата борба со леукемијата.

Инаку, Болоња синоќа водеше со 1-0, но загуби по двата погодоци на Ромелу Лукаку во финишот на мечот.