Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас победи на трката за ГН на САД, но славјето на вечерта во Северна Америка го заслужи Луис Хамилтон. И покрај тоа што заврши како втор, Луис Хамилтон ја освои светската титула и тоа по шестипат.

Валтери Ботас извозе одлична трка и не му дозволина Хамилтон шестата титула да ја прослави со победа во САД. Британецот и со второто место го потврди шампионскиот наслов, кој доаѓа во негови раце веќе трета година едноподруго.

Луис Хамилтон ја прослави новата светска титула, но не се изедначи со Михаел Шумахер во однос на победите во кариерата. Третото место му припадна на Макс Верстапен од Ред Бул, а на четвртото место финишираше Чарлс Леклер со неговиот Ферари. Себастијан Фетел не ја заврши трката откако се соочи со проблеми со болидот уште на самиот почеток на трката.