Питер Крауч, поранешен англиски репрезентативец и член на Ливерпул и Стоук постигнал 205 голови во својата кариера. Сега тој е надвор од фудбалот меѓутоа доаѓа како стручен коментатор на натпреварите во Премиер лигата. Па така го прокоментира мечот меѓу Астон Вила и Ливерпул во саботата и судиските одлуки, како и поништениот гол на Роберто Фирмино поради офсајт иако немаше такво нешто. Од ВАР оцениле дека е офсајд, па судијата го поништи голот на Бразилецот.

„Да имаше ВАР во мое време тогаш ќе ми поништеа барем 50 голови. Поради моите долги раце постојано ќе бев во офсајд“, вели Крауч.