Дарко Чурлинов постигна нов гол во регионалната лига запад за вториот тим на Келн. Денеска неговата екипа славеше триумф од 2:4, а нашиот репрезентативец го постигна вториот гол за својот тим.

Ова за Чурлинов беше петти гол во дресот на вториот тим на Келн. Инаку сезоната ја почна во првиот тим на оваа екипа, но потоа беше прекомандуван во втората екипа.