Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со денешниот триумф на Мастерсот во Париз и официјално се израмни со легендарниот американски тенисер, Џон Мекинро, на листата на најбројни освојувачи на АТП титули.

Новак и Мекинро сега се на делба на петтото место по бројот на освоени АТП титули – имаат по 77 трофеи. Ако Новак слави во Лондон, тој ќе успее да го помине легендарниот Американец на вечната листа.

Џими Конорс се уште е на врвот на листата со 109 трофеи, а по него следува Роџер Федерер со 103 трофеи. Иван Лендл ја заврши кариерата со 94 трофеи, додека Рафаел Надал засега е на четвртото место со 84 трофеи.

Србинот влезе и во таканаречениот „Клуб 50“, поточно натпреварот со Шаповалов беше негово 50-то финале на турнирите од Серијата 1000.