Ретко кој очекуваше, а посебно не откако Барса поведе со 1:0, дека Леванте ќе направи пресврт и ќе успее на крај да го победи каталонскиот гигант дури со 3:1.Гостите поведоа со голот на Меси, а потоа нашиот репрезентативец Енис Барди и другарите просто го разнесоа славниот клуб со 3:1.

Барди само за СПОРТМЕДИА открива една мала тајна…

„Мислам дека Буба Хасани ми донесе среќа. Тој веќе неколку денови е кај мене на гости, можеби затоа победивме, а освоивме три бода и на минатиот меч. Се надевам дека ќе остане уште некој ден, да победиме на уште на некој натпревар“ низ шега коментари Барди.

НЕ НИ БЕШЕ ВАЖНО ДАЛИ Е МЕСИ, БАРСА…

Инаку во Леванте не кријат дека се среќни по победата над Барса…

„Нормлано е дека е убаво кога се победува, кога ќе победиш една голема екипа како Барса. Навистина сум среќен, но најважно е бодовите да се впишуваа на контото на Леванте. Морам да признам дека ние бевме психички апсолутно подготвени за овој натпревар со Барса. Не гледавме дали беше Меси на другата страна, нашите мисли беа насочени како ние ќе одиграме. А одигравме навистина одлично, и на крајот се ни се исплатеше“ рече за СПОРТМЕДИА еден од нашите најдобри фудбалери.