Еден од најдобрите кошаркари на Барселона, Виктор Клавер ќе биде надвор од терените во период од четири до шест недели, откако доживеа руптура на левото стапало.

Играчот ја доби повредата во неделната победа над Фуенлабрада во домашното првенство. Првичниот временски период за рехабилитација беше поставен по денешните специјалистички прегледи.

31-годишниот кошаркар почна со просек од 6,2 поени и 4,2 скока оваа сезона во Евролигата.