Откако синоќа и официјално беше потврден отказот за Нико Ковач, Барен (М) тргна во потрага на негов заменик. Името кое е најексплоатирано во медиумите е актуелниот тренер на холандски Ајакс, Ерик Тен Хаг.

Според германски извори, веќе имало контакт меѓу двете страни, но информациите сè уште не се потврдени официјално. Тен Хаг моментно е под договор со Ајакс и очигледно не би сакал на сред сезона да го остави тимот, кој му го продолжи договорот минатата сезона. Еден од два независни извори потврдиле дека веќе се водени првите разговори меѓу преставниците на баерн и Холанѓанецот, но засега нема конкретен договор.

Во принцип, се чини, дека е повеќе од јасно дека Ерик Тен Хаг, би бил достапен само на крајот на сезоната, а ако Баерн сака да го чека, ќе мора да користи некое преодно решение до крајот на сезоната.