Евролигата сезонава ја прославува 20-годишнината од своето постоење, а во чест на јубилејот челниците планираат активности во текот на целата година, а ќе се бира и тим на деценијата.

Пред комисијата стои тешка задача да ги селектира кошаркарите кои ќе влезат меѓу номинираните за кои подоцна ќе може да гласаат фановите и да го одберат идеалниот тим на втората деценија од постоењето на Евролигата.

Костас Слукас, Руди Фернандез, Ненад Крстиќ, Анте Томиќ, Георгиос Принтезис, Јоанис Боурусис, Виктор Кријапа се само дел од кошаркарите чии имиња први се најдоа меѓу кандидатите.

Првиот меч во Евролигата се одигра на 16 октомври 2020 година меѓу Реал Мадрид и Олимпијакос и со тоа стартува ерата на најсилната кошаркарска лига на стариот континент.