Откако утринава по оставката на Љупчо Димитковски, Тиквеш остана без шеф на стручниот штаб, раководството на кавадаречкиот клуб растрчано е по нов тренер. Како што велат нашите информации, најблиску да седне на жешката клупа имаат Дарко Крстески, довчерашниот тренер на Пелистер и Раде Цицмиловиќ, кој во неколку наврати ја предводеше Беласица.

Се споменуваат и некои други тренери, но Крстески и Цицмиловиќ имале најголеми шанси. И со двајцата денеска било разговарано. Инаку прилепчанецот Крстески пред две години беше во Тиквеш, и познат е по тоа што на еден натпревар неговиот тогашен тим беше бодовно казнет поради непочитување на правилото – младинец. Инаку Крстески сосема успешно го предводеше Пелистер, откако беше сменет, битолчани не можат да победат.