Македонската машка кадетска репрезентација како домаќин на ЕХФ Шампионатот следното лето ќе бара шанса за пласман на ЕХФ ЕУРО.

Денеска во Виена беше одржана ждрепката за групите, а Скопје одново ќе биде организатор.

Македонија во групата А ќе ги пречека Грција, Естонија и Полска, додека во групата Б ќе се натпреваруваат
БиХ, Грузија, Швајцарија и Украина.

ЕХФ Шампионат во Македонија
А: Грција, Естонија, Полска, МАКЕДОНИЈА
Б: БиХ, Грузија, Швајцарија, Украина

ЕХФ Шампионат во Црна Гора
А: Косово, Турција, Холандија, Ц. Гора,
Б: Азербејџан, Луксембург, Романија, Летонија,

ЕХФ Шампионат во Бугарија
А: В. Британија, Ф. Острови, Чешка, Бугарија
Б: Литванија, Словачка, Белорусија, Финска,