„Милан нема лидер кој може да го поведе тимот во тешки ситуации“,  изјави поранешниот тренер на „росонерите“, Фабио Капело, по последниот пораз на тимот во Серија А, дома од екипата на Лацио.

Милан загуби со 2:1 на домашен терен во последниот синоќешен меч и го забележа најлошиот старт во калчото во последните 78 години.

„Милан е во неволја. Играчите не се на ниво и играат со страв. Не гледам лидер на тимот, капитен. Не е капитен само за да ја носи лентата, туку и да го собере тимот околу себе и да го поведе кога е најтешко“, изјавил Капело за италијанско радио.