Сега веќе сменетиот тренер на Баерн Минхен, Нико Ковач, бил нервозен на последниот тренинг за „Баварците“, пишува „Билд“. Тој често знаел да ги навредува играчите, и тоа е една од причините за смената. Ден после „дебаклот“ од Ајнтрахт, Ковач наводно нападнал одредени играчи, а го пофалил Милер со кого не беше во сјајни односи.

„Како така лесно губиш топки?“-му се обратил на Гнабри.

„Стоиш, а види како Томас Милер се бори“, му рекол на Коман.

Потоа дошол на ред и Тиаго Алкантара: „Не треба ништо да измислуваш, играј едноставно“.

На крајот се обратил на целата група:

„Имаме играч помалку во одбрана и примаме гол. Не ме слушате. Разговараме и тренираме, а тоа не го применувате на терен. Мораме да ги засукаме ракавите инаку ќе ги загубиме и следните два натпревари“, им се обратил Ковач.

Веднаш после тренингот Ковач добил отказ, а поголемиот број до играчите не се поздравиле со него. Тоа само кажува дека ниту играчите не го сакале во таборот на „Баварците“, нешто што беше актуелно и минатата сезона, но издржа и потоа се закити со двојната круна.