Ливерпул во декември треба да настапи на Светското клупско првенство во Катар, а европскиот клупски првак веднаш се најде во проблеми со организаторот. Екипата требаше да биде сместена во хотел со пет ѕвезди, но челниците на клубот ја одбиле таквата локација.

Хотелот во кој требало да бидат сместени во Доха неофицијално бил изграден од емигранти кои работеле во смени и од по 12 часа на неподносливи температури од 45 степени, за само девет евра дневница.

Ливерпул според пишувањето на англиските медиуми го смета тоа за спротивно на човековите права и веќе ги информирале властите во Катар, како и ФИФА дека не сакаат да бидат сместени во тој хотел и дека се во потрага по ново сместување.