Македонските каратисти се најдоа на петтото место во генералниот пласман на Европско шотокан првенство, кое се одржа во Скопје. Македонија освои вкупно 49 медали од кои 12 златни, 14 сребрени и 23 бронзени.

Репрезентацијата на Азербејџан е прва со 202 медали – 72 златни, 53 сребрени и 77 бронзенни, втора е Романија 263 (68-71-124), додека третото место и припадна на Турција 88 (22-18-48).

На шампионатот учествуваа 16 држави со околу 900 каратисти.