Му требаа 53 натпревари, му требаа 711 денови, за да конечно Сандро Мартинез постигне гол во еден лигашки натпревар.
Според статистиката тој убедливо е најлошиот напаѓач во светот, можеби и во историјата на фудбалот. Актуелниот офанзивец на Евертон, кој е на позајмица во Ваљадолид и даде гол на Мајорка во 94.минута за 3:0.
Последниот гол на овој младински репрезентативец на Шпанија датира од мај 2017 година, и тоа како фудбалер на Малага во судиското продолжение и тоа против Селта. Интересно, и вчера стрелаше во последните секунди од натпреварот. Значи му оди во продолженијата, па макар чека и повеќе од 2.5 години. Инаку покрај Евертон, Ваљадолид, Малага, Рамирез играл и за Севиља и Реал Сосиедад.