Македонскиот стручњак, Емил Рајковиќ и неговата Астана ја забележаа втората победа во силната ВТБ-лига. И овој пат тимот на нашиот тренер беше подобар од учесник во Евролигата.

Астана по голема драма и продолжение го совлада Зенит со 109-108 во четвртиот настап во ова натпреварување. Со скор од две победи и два порази се наоѓа на седмото место на табелата, со два меча помалку од првопласираниот Химки кој има перфеткни „шест од шест“.

Најефикасни во редовите на домашниот тим беа Ристиќ и Хил, заедно постигнаа 55 поени.

Претходно Рајковиќ го зеде скалпот на некогашниот член на Евролигата, Локомотив Кубан.