Тиквеш останува без тренер. Љупчо Димитковски – Гањо поднесе оставка од местото шеф на стручен штаб. Овој пат истата е неотповиклива, односно нема повеќе предомислување.

„Поднесувам неотповиклива оставка од местото шеф на стручен штаб на Тиквеш поради слабите резултати и ситуацијата во клубот. Му посакувам на мојот Тиквеш многу среќа и многу успеси во иднина“, рече Димитковски за „Спортмедиа“.

После натпреварот со Кожуф си поднесе оставка, но раководството на Кавадарчани не ја прифати. Беше условот на следните три натпревари да освои девет бодови, и веднаш на првиот меч не успеа во намерата, со што како вистински спортски џентлмен си заминува од клупата на кавадаречкиот тим кој сезонава има амбиции прво место и влез во прволигашката конкуренција, но засега тимот е малку оддалечен од сето тоа.