Реал Мадрид втора сезона по ред ги чувствува последиците по заминувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус, смета Марка. Португалецот е најдобар клупски стрелец со 450 голови, а шпанскиот тим има голем проблем со реализација откако Роналдо не игра на „Сантијаго Бернабеу“.

„На Реал му недостигаат голови. Тоа е ралност. На Реал му фалат головите на Роналдо. Од неговото заминување само Бензема успеа да ја одржи голгетерската форма. Клубот веруваше дека бројките кои ги оствари Роналдо ќе ги остварат други момци и тоа на некој магичен начин. Тука е Азар, но тој не може да постигне 50 голови по сезона. Стигна и Јовиќ, но се мачи од самиот почеток“, пишува Марка.