Нашиот најдобар судија Александар Ставрев, ќе суди нов натпревар во групната фаза од Лигата на Европа помеѓу Ференцварош и ЦСКА Москва кој ќе се игра во четврток во 21 часот во Будимпешта на стадионот на Ференцварош.

Помошници на Ставрев ќе бидат Кировски и Костадинов, додека четврти судија ќе биде Мечкаровски.

За Ставрев и неговите соработници ова е втор меч од групната фаза во ЛЕ. Првиот беше меѓу Динамо Киев и Малме.