Нашиот најдобар судија Александар Ставрев од идната сезона ќе има лиценца за ВАР. Ставрев успешно минал два семинари, и му останува уште еден, со што ќе се стекне со лиценца за ВАР, потребна за да суди натпревари на кои има ВАР како што се во случајот мечевите во Лигата на Европа.

Лиценцата не значи дека Ставрев нема повеќе да биде главен судија, туку дека и главниот судија мора да мине обука за ВАР, но во иднина може да биде делегиран да биде судија и во ВАР соба и на терен.

Од идната сезона и на натпреварите од групната фаза во ЛЕ ќе има ВАР, а во ова натпреварување ВАР почнува да се применува во нокаутфазата сезонава. Во ЛШ веќе има ВАР.