Арменд Алими без дилеми е играч на 13.коло, иако Даниел Аврамовски од Вардар и натаму продолжува со супер игрите и головите, сепак кумановецот во дресот на Шкендија просто го „парчоса“ тимот на Борец. Имено играчот за врска на шампионот дури трипати стрелаше во мрежата на велешани, еден го даде Бесарт Ибраими, додека Агим Ибраими асистираше во повеќе наврати. Токму затоа сите тројца се во тимот на колото а Алими е играчот на колото. Од Вардар тука се Аврамовски, секогаш сигурниот Најдовски кој вчера со Ренова играше како стопер, и офанзивниот бек Брдаровски. Работнички освои голем бод во Струмица, најзаслужни се стрелецот Шаркоски и голманот Шишковски. Силекс славеше во Ѓорче, стрелец беше Благојевиќ а добар беше и Драшковиќ, и на крај Касами од Струга ТЛ го затвора тимот на колото.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

АРМЕНД АЛИМИ

Тим: ШКЕНДИЈА

Роден: 11.12.1987

Кариера: Башкими, Милано, Истра, Оребро, Неа Саламина, Ермис, Шкендија