Играчот на Евертон, Ченк Тосун е шокиран по повредата на својот соиграч Андре Гомеш кој доби скршеница и ќе паузира, веројатно до крајот на сезоната.

Турчинот го постигна единствениот гол во ремито 1:1 со Тотенхем, а после мечот Тосун на својот инстаграм профил напиша:

„Шокиран сум. Сакав да не го постигнам тој гол, и да изгубиме 5:0, само тоа да не се случеше“, напиша Тосун.