Личниот фризер на Кристијано Роналдо бил избоден до смрт во хотелска соба во Цирих, Швајцарија. Хигиеничар го пронашол телото на Рикардо Маркес Фереира во петокот. Локалната полиција уапси 39-годишен маж за кого се смета дека е извршител на убиството.

Рикардо Маркес Фереира беше фризер и шминкер, а, како и Кристијано Роналдо, потекнува од португалскиот остров Мадеира. Неколку гости на хотелот се жалеле на бучавата од собата на Рикардо неколку часа пред откривањето на телото. Засега не е познат мотивот за убиството.