Тој има 69 години, а таа само 20. И не им сметаат годините, барем таа така вели. Флавио Бријаторе, бившиот газда на Рено во Формула 1, и некогашен менаџер на Михаел Шумахер познато е дека голем шмекер. Си ќари 49 години помлада девојка, имено Бенедете Боси има само 20 години и студира право.

А како ја ќарил? Со оглед на тоа дека Флавио живее во Монте Карло, прво испратил автомобил по неа до Милано. Потоа со неговиот приватен авион одлетале во Рим каде минале неколку ноќи во хотел со 5 ѕвездички, за да потоа заминале на сафари во Кенија.

Инаку Флавио покрај останатите девојки и жени, имаше среќа да биде во врска или да му бидат жени, убавици како Наоми Кемпбел, Хајди Клум, Елизабета Грегорачи и уште многу, многу други.