Бранителот на двојната круна, Џио Струмица, Вардар, Универзитет во Тетово се екипите кои влегоа во победничка серија во новата сезона од домашното одбојкарско првенство.

Тие се радуваа и во вториот викенд, каде Џио пред својата публика доминираше во мечот со Весна Пробиштип, слична беше сликата и на вечервата средба меѓу „црвено-црните“, а максимален учинок има и Универзитет во Тетово кој славеше во локалното дерби со Шкендија со 3:1. Лирија, пак, имаше лесно гостување кај ГОК Борец, додека Дибра Волеј е слободно ова коло.

Во третата рунда од најсилната женска лига немаше посебни изненадувања, односно фаворитите без проблем си ја завршија работата, со исклучок на Пелистер Волеј, кој пред својата публика загуби во „тај-брејкот“ од Универзитет во Тетово.

ПРВА ЛИГА МАЖИ, 2. КОЛО

Џио Струмица – Весна Пробиштип 3:0 (25:10, 25:20, 25:17)
Универзитет во Тетово – Шкендија 3:1 (25:14, 24:26, 25:16, 25:15)
Борец – Лирија 0:3 (16:25, 11:25, 08:25)
Вардар – УГД Студент 3:0 (25:15, 25:6, 25:8)

Дибра волеј – слободна

ПРВА ЛИГА ЖЕНИ, 3. КОЛО

Работнички Скопје – Ускана 3:1 (31:29, 25:12, 24:26, 25:19)
Вардар – Македонија Макс 3:0 (25:17, 25:18, 25:17)
Виктори Волеј – Наковски Волеј 0:3 (20:25, 15:25, 20:25)
Јанта Волеј Форца – УГД Студент 3:2 (25:16, 25:22, 22:25, 22:25, 15:5)
Струмица – Бами Кор 3:0 (25:14, 25:22, 25:20)
Пелистер Волеј – Универзитет во Тетово 2:3 (26:24, 14:25, 19:25, 25:17, 14:16)