Екстравагантниот дански фудбалер Никлас Бендтнер призна, дека додека бил во Арсенал го опцул тогашниот менаџер Арсен Венгер. Тренерот го блокирал неговиот трансфер во Кристал Палас летото 2013 година, а напаѓачот го нарекол „гомно“. Тоа популарниот „Лорд“ го открива во својата книга „Both Sides“.

„Беше околу 20.00 часот во последниот ден од трансферниот период. Тогаш Венгер ми се јави и ми кажа: ’Слушај, не успеавме да најдеме нов напаѓач и поради таа причина треба да останеш во клубот но како резервна варијанта. Тоа ќе ти биде работата оваа сезона’. Ми спушти. Тогаш го погледнав мојот агент Том Брукс, кој само ги крена рамениците. Толку му бев лут на Венгер, што му се јавив и му кажав „гомно“. Му реков дека не сакам повеќе да соработуваме и дека е најдобро за двете страни да се разделиме. Таа ноќ не спиев, но наредното утро отидов во неговата канцеларија и му кажав: „Сакам да се извинам за работите кои ги кажав вчера“. Вистината беше дека не сакав да бидам непријател  со Венгер. Тој и Мортен Олсен (поранешниот дански селектор) се луѓето што најмалку сакам да ги разочарам“, изјави Бендтнер.