Поради претстојната репрезентативна пауза, дојде до мала промена на терминот за 14.коло во ПМФЛ. Промена која и беше најавувана, па така четири меча од ова коло, и тоа Силекс – Шкупи, Струга ТЛ – Вардар, Ренова – А. Пандев и Борец – Македонија ЃП ќе се играат в сабота со почеток од 13 часот. Во недела пак ќе се одигра само еден натпревар и тоа оној меѓу Работнички и Шкендија, недела поради фактот дека и од овој меч Арена Спорт и МРТВ ќе врши директен пренос.

Тоа значи дека мечевите од 12.коло во Втората лига – исток и Втората лига – запад, ќе се одиграат во недела, исто така со почеток од 13 часот.