„Осакатениот“ Голден Стејт, конечно, дојде до втората победа сезонава, пред својата публика против Портланд, 127:118. Резултатот беше помалку или повеќе изедначен до шест ипол минути до крајот на средбата кога Вориорс со 12-0 серија дојдоа до водсто од 111:99, кое го задржаа до крајот.

Ерик Пачал со 36 поени и 13 скока беше најефикасен кај Голден Стејт, додека Ку Боуман имаше 19 поени. Во редовите на Портланд Демјан Лилард постигна 39 поени, а Хасан Вајтсајд имаше 22 поени и 11 скокови.

Феникс и го нанесе првиот пораз на Филаделфија сезонава, 114:109 решавајќи го натпреварот во самата завршница. Домашните имаа водство од 100:93, но Ал Хорфорд ги донесе гостите до изедначување. Сепак, Девин Букер и Кајли Обреа ги превземаа работите во свои раце во финишот за победа на Феникс.

Букер постигна 40 поени и со тоа стигна до 6003 поени во кареирата и сега е осмиот најмлад играч во НБА, Руки Рубио имаше 21 поен и 10 асистенции. Кај Филаделфија, Ал Хорфорд средбата ја заврши со 32 поени, додека Тобијас Харис имаше 24 поени и 10 скокови.

Во останатите натпревари Бруклин го победи Њу Орлеанс спречувајќи комплетен кам-бек на противникот во последната четвртина за победа од 135:125. Хјустон и бе Расел Вестбрук победија на гости кај мемфис (107:100), додека Милвоки ја победи Минесота.

РЕЗУЛТАТИ:

Вашингтон – Детроит  115:99

Бруклин – Њу Орлеанс               135:125

Мемфис – Хјустон          100:107

Минесота – Милвоки  106:134

Феникс – Филаделфија               114:109

Голден Стејт – Портланд            127:118