Мечот меѓу Верона и Бреша имаше и дополнително шоу, кога противничкиот напаѓач Марио Балотели толку многу се изнервира од расистичките скандирања од трибините што ја шутна топката кон непослушните навивачи и сакаше да го напушти теренот. Мечот двапати беше прекинуван од судијата поради расистички скандирања, а капак на се беше тоа што водачот на навивачите на Верона Лука Кастелини изјави дека „Балотели, можеби има италијанско државјанство но никогаш нема да биде Италијанец (поради бојата на кожата)“ и дека Балотели само си замислувал дека слуша расистички песни за него.

Клубот Верона презеде ригорозни мерки какви што сите италијански клубови треба да преземат. Го казнија Кастелини со забрана за присуство на стадионите во Италија до јуни 2030 година!

А клубот Верона беше казнета за инцидентот на „Бентегоди“ со тоа што Дисциплинската комисија затвоори еден сектор од стадионот. Другите сектори не се затворени затоа што е оценето дека од таму го поддржувале Балотели по инцидентот.

Во Италија од оваа сезона се преземени ригорозни мерки во врска со расизмот. Клубот може да казнува и ги суспендира сите оние што ќе покажат омраза на расна и етничка основа ако работат со полицијата во идентификување на сторителите.