Ден откако се раздели со Фран Ескриба, шпанскиот прволигаш Селта го објави името на новиот тренер, а тоа ќе биде Оскар Гарсија. Се работи за искусен стратег кој работеше во многу европски клубови. Почна да го тренира младинскиот тим на Барселона, кратко беше тренер и на првиот, потоа работеше во Олимпијакос, Салцбург, Сент Етјен, во англиските Брајтон и Вотфорд, а двапати беше на чело на Макаби Тел Авив.

Гарсија сака офанзивен и креативен фудбал и се надева дека екипата од Галиција ќе ја сфати неговата филозофија и ќе почне да играат ефикасно и да ги избегне непријатностите затоа што во моментов има девет бодови од првите 11 натпревари во Ла Лига.

Гарсија ќе дебитира на „Ноу Камп“ во сабота против Барселона, а по паузата за репрезентациите ќе му гостува на Виљареал, па ќе игра дома со Ваљадолид.