Зинедин Зидан пред дуелот меѓу Реал Мадрид и Галатасарај говореше за статусот на Герет Бејл, како и за важноста за мечот во ЛШ.

„Знаеме во каква ситуација се наоѓаме, за овој натпревар ќе се подготвиме најдобро што знаеме“, а потоа продолжи:

„Сакам Бејл да остане со нас до крајот на сезона. Многумина зборуваат дека ќе замине во јануари, но тоа не е вистина. Фановите треба да размислуваат позитивно бидејќи играчот сака да остане со нас. Но, и натаму не е доволно подготвен за следниот меч“, изјави Зидан.

Реал Мадрид мора да го добие мечот со Галатасарај доколку сака да се најде во следната фаза во Лигата на шампиони.