Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди кој по низата проблеми со Интер сезонава игра како позајмен играч во ПСЖ, јасно даде до знаење дека нема намера да се врати во стариот клуб.

„Голема работа е да се игра за ПСЖ. Морам на теренот да покажам колку можам и свесен сум за тоа. Ќе направам се што можам за да останам тука, но имам уште многу што да направам и покажам. Октомври беше добар месец за мене морам така да продолжам. На крајот на сезоната ќе видиме какви се работите, но факт е дека сакам да останам во клубот“, изјави Икарди.

Икарди одлично се снајде во францускиот тим и на осум натпревари постигна седум голови.

Доколку ПСЖ сака да го задржи во тимот ќе треба на Интер да му плати обештетување од 70 милиони евра.