Битката за трофејот во фудбалскиот Суперкуп на Италија Јувентус и Лацио ќе ја водат на 22 декември во Ријад, Саудиска Арабија во 17:45 часот. 

Освен одлука за терминот, донесена е одлука и влезот за жени на стадионот на Универзитетот „Кинг Сауд“, да биде слободен. До лани, на жените им беше забрането да влезат на стадион, а сега нема да има ограничување ниту околу тоа каде смеат да седат.