Она што СПОРТМЕДИА го најави вчера, денеска се оствари. Раде Цицмиловиќ, еден од нашите најдобри млади тренери е новиот тренер на ФК Тиквеш. Раководството на клубот му даде доверба на тренерот кој пред две години Беласица ја внесе во Првата лига, тоа да го стори и со Тиквеш.

„Можам да кажам дека наш нов тренер е Раде Цицмиловиќ. На наше големо задоволство тој ја прифати понудата и ние сме среќни што токму тој ќе се обиде да го внесе Тиквеш во Првата лига. Имаме доверба во него, затоа е доведен“ изјави за СПОРТМЕДИА Миле Масларков, првиот човек на ФК Тиквеш.