МЗТ Скопје им се врати на победите и во АБА2-лига. Тимот од Аеродром на домашен терен го доби дерби дуелот со Сплит, го совлада со 70-64 во рамките на шестото коло и привремено се врати на врвот на табелата, дали ќе остане таму ќе одлучи Борац.

По завршување на натреварот тренерот Ѓорѓи Кочов испрати комплименти до своите момци.

„Очекувано тежок натпревар. Мора да ги пофалам моите кошаркари, кои се бореа како лавови особено во првото полувреме. Пофалби и до моите помошници кои одлично го подготвија мечот. И пред средбата кажав дека треба да не му дозволиме на Сплит да се одлепи и средбата да влезе во неизвесна завршница во која можеме да се издигнеме на психолошки план и да победиме. Среќен сум што успеавме во тоа“, изјави тренерот на МЗТ Скопје.