Со интересна карикатура Твитер заедницата го чека завршниот Мастерс турнир во Лондон, кој старува на 10. ноември, кој треба да потврди дали Рафаел Надал или Новак Ѓоковиќ како број еден тенисер ќе ја заврши 2019 година.

Надал од вчера и официјално е прв на АТП листата и покрај тоа што поради повреда се повлече во полуфиналето на турнирот во Париз, кој пак, Ѓоковиќ го освои и со тоа разликата меѓу нив двајца остана мала 640 поени.

За да се врати на врвот на Ѓоковиќ му е потребно да го освои Лондон или, пак, да направи добар резултат, а Надал да киксне, во спротивно, Шпанецот како број еден ќе ја заврши годината.