Еурофарм Работник го запиша третиот пораз во СЕХА-лигата. Македонскиот вицепрвак не успеа да дојде до два нови бода и покрај тоа што Мешков Брест во Битола допатува со втор состав, а истовремено Никола Митревски беше на ниво на задачата, имаше 15 интервенции.

Избраниците на Стевче Алушовски беа совладани со 32-35 меч од шестото коло во регионалното натпреварување. Покрај поразот, „фармацевтите“ се соочија со нов проблем се повреди Стјепановиќ, кој на носилки беше изнесен од теренот.

Битолскиот тим во ниту еден момент не поведе, гостите отворија со серија од три гола. Еурофарм Работник успеа на неколку пати да израмни, но и да ја превземе иницијативата.

Мешков на полувремето имаше минимални 17-18, а потоа со многу подобра игра во нападот лесно го урна отпорот на македонскиот првак. Во вториот дел, поточно во 50. минута гостите поведоа со највисоки 25-30.

Валиупау со 14 погодоци од 17 обиди беше прв стрелец на мечот, кај домаќинот Јотиќ имаше осум гола, Ојлески шест.