Македонскиот одбојкарски репрезентативец, Владо Милев и неговиот нов клуб, црногорска Будба со 3:0 (25:15, 25:17, 25:18) загубија на гостувањето кај Бенфика во рамките од првиот меч од втората квалификациска рунда за пласман во групната фаза од ЦЕВ Лигата на шампионите.
Милев го одигра целиот натпревар, но имаше скромен учинок во нападот со само четири поени додека приемот го држеше на високо ниво со 63 посто реализација. Нашиот репрезентативец и неговите соиграчи шансата за поправен ќе ја бараат за една недела, односно на 14 ноември, кога го играат реваншот на домашен терен.