Покрената е иницијатива Луис Карл Дејвидсон Хамилтон, шесткратниот светски првак, кој овој викенд стави печат на новата титула во Формула 1, да стане Сер Луис Хамилтон. На се она што постигна во светот на спортот со само 34 години, неговата земја ќе му се заблагодари на витештвото.

Од светот на автомобилизмот досега титула „сер“ добија петмина, и тоа Џек Бребем, Френк Вилијамс, Стерлинг Мос, Џеки Стјуарт и Патрик Хед. Хамилтон ќе биде шестиот. Од современиците оваа титула ја добија тенисерот Енди Мареј и атлетичарот Мо Фарах. Мал минус за да не ја добие оваа титула, на Хамилтон му се смета тоа што живее во Монако и таму плаќа порез, како и дилемата дали Луис е најдобар според тоа дека има најдобар болид или дека е навистина добар возач. Инаку него му недостига само уште една титула за да се израмни со рекордерот Михаел Шумахер.

Сепак нема сомневање дека кога тогаш „малиот“ Луис од Сивенејџ,  ќе оди во Бакингемската палата да кралицата му одаде признание какво што заслужува.