На 16-ти и на 17-ти декември, Ливерпул ќе мора да игра два натпревари. Вака одлучи англиската федерација која не се согласи да го промени датумот од 1/4 финалниот натпревар со Астон Вила во Лига Купот (Карабао Куп). Тој ќе се игра на 16-ти декември, а тимот ќе игра натпревар од Светското клупско првенство во Катар.

Клоп уште по поминувањето на Арсенал, се закани дека нема да го игра натпреварот ако му биде закажан во тој термин, но сега истакна дека планира натпреварот да го игра со деца.

„Веќе го дискутирав ова. Никој нема слух за играчите, кои имаат само две недели одмор во текот на цела година. Навистина не е хумано. Но работите не може да ги смениме. Некој нека размисли по колку натпревари се играат годишно“, рече Клоп кој веројатно ќе му даде предност на Светското клупско првенство, а доколку работата не се смени, на Астон Вила ќе играат фудбалери од вториот тим и од младинскиот состав.