Легендата на Клуб Бриж, Раул Ламбер имаше неверојатна прослава на 75. роденден, кога клубот и фановите му приредија изненадување по кое не можеше да ги смири своите емоции.

Популарниот Лоте беше поканет во чест на неговиот јубилеен роденден да го изведе почетниот удар на лигашкиот натпревар против Стандард, а доби подарок кој му го разнежни срцето. Преубава кореографија во клупските бои се разлеа низ трибините…

Во својата кариера Ламбер одигра 458 натпревари и постигна 269 погодоци.