Интер е на добар пат да оствари нова победа над „мизерната“ Борусија Дортмунд која што во одбраната е како „сирење“. Мартинез и Вецино донесоа предност на Интер од 0:2 на полувремето на Вестфален.

Ајакс, пак, има предност од 1:3 над Челзи во Лондон и се наоѓа пред голема победа на гости. Ливерпул засега изненадувачки игра 1:1 со Генк дома, а Наполи со истиот резултат игра против Салцбург. Предност од 2:0 има и Лион против Бенфика, а Лил води на „Местаља“ кај Валенсија.