Судот во Лиеж пресуди! Казахстанскиот велосипедист Александар Винокуров и рускиот колега Александар Колобнев се ослободени од обвиненијата за корупција во велосипедскиот спорт. Во 2010 година во последната фаза од трката Лиеж-Бастоњ-Лиеж, Винокуров му ветил на колегата 150,000 евра да му дозволи да победи. А тоа се случило. Во 2012 година Меѓународниот велосипедски сојуз покренал истрага против двајцата откако еден швајцарски и италијански весник го открија договорот меѓу двајцата велосипедисти. Целиот случај заврши на суд, па после пет години донесена е пресуда – двајцата се ослободени поради недостиг на докази.

Обвинителите објавија онлајн банкарска трансакција помеѓу велосипедистите покажувајќи дека помеѓу јули и декември 2010 Винокуров му префрлил суми од 100.000, а подоцна и од 50.000 евра на Колобнев.  Судот процени дека тоа префрлување на пари не може да се оцени како мито на Казахстанецот кон рускиот колега.

Винокуров, кој сега е шеф на велосипедскиот клуб Астана, и Колобнев постојано ги демантираа обвинувањата.