Францускиот првак ПСЖ му понуди нов договор на Килијан Мбапе во кој стои неверојатна цифра од 700.000 евра неделна плата или 36.8 милиони евра за сезона.

Според пишувањата на Ле Паризиен причината за ваквата богата понуда на „светците“ со која Мбапе се изедначува со Нејмар е константната желба на Реал Мадрид да го земе во своите редови. А, Реал е подготвен да плати дури 300 милиони евра, па ПСЖ мораше да ја надмине таквата цифра.

Мбапе има активен договор со францускиот првак до 2022 година, а 20-годишниот фудбалер се смета за вонсериски играч и новата голема ѕвезда.

Мбапе својот одговор на понудата би требало да го даде во следните десетина дена.