Арсенал имаше одличен старт на сезоната, но потоа влезе во очајна форма, а според пишувањето на англиските медиуми ова се должи на фактот дека не се знае кој е прв тренер во клубот.

Младите играчи немаат доверба во главниот стратег Унај Емери и се повеќе совети бараат од неговиот асистент Фреди Љунберг. Фудбалерите имаат повеќе доверба во поранешниот играч на Арсенал отколку во нивниот тренер, кој според многумина е на излезна врата од лондонскиот тим.

Арсенал се наоѓа на 5. место во Премиерлигата со 17 бода или скоро двојно помалку од лидерот Ливерпул.